Кучиња скитници напаѓаат на плоштадот „Македонија“ среде бел ден

Скопјанец бил нападнат и искасан од глутница кучиња скитници, вчера среде бел ден на плоштадот Македонија во центарот на Скопје.

Полицијата соопштува дека седумдесет и едногодишниот Б.Д. вчера напладне пријавил во полициската станица „Центар“ дека бил напданат од кучиња скитници кај Ристиќева Палата и дека едно од животните го каснало. На повредениот по настанот му била укажана и лекарска помош.

На 17 декември во 12,30 часот во полициската станица Центар, Б.Д.(71) пријавил дека на Плоштад Македонија поточно кај „Ристиќева Палата“, бил нападнат од кучиња скитници. Едно од нив го каснало, по што се упатил во болница каде што му била укажана лекарска помош, се вели во информацијата на МВР.