сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Кујнска или морска сол: Предности и мани кои би требало да ги знаете

Ако некогаш сте биле во дилема кој вид на сол треба да ја користите во домаќинството, време е да ви ја олесниме одлуката. Дознајте кои се предности, а кои мани на кујнската и морската сол и која е поздрава за консумирање.

sol30

Последни вести

Како се добива солта?

Кујнската сол се ископува од длабочината на земјата, а за да се прочисти и да се добие во облик во кој ја купуваме поминува низ индустриска преработка при што се отстрануваат бројни минерали, а се додаваат адитиви.

Од друга страна морската сол се добива со природни процеси на испарувања на морската вода при што сите минерали остануваат зачувани во зрна.

Од што се состои солта?

Кујнската сол е чист натриум хлорид чии молекули во телото силно ја привлекуваат водата од телесните клетки, предизвикуваат дехидратација и со тоа ги забавуваат виталните функции на организмот. Во процесот на хемиската преработка, рафинираната сол ги губи сите вредности на минералите и нејзината изворна структура се уништува.

Морската сол содржи над 80 минерали и елементи важни за здравјето на организмот. Сите минерали доаѓаат во природни форми, бидејќи кај испарувањето на морската вода на дното на базенот не останува само натриум хлорид, туку и сите природни работи кои биле потопени во морската вода. Покрај осумдесетте различни минерали, елементи во траговите, карбонат и сулфат, присутни се и калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициум.

Дали содржи јод?

Кујнската сол содржи јод кој се смета како неопходен елемент за одржување на разни функции во телото поради што на овој вид на сол долго време и се давала голема важност. Но, јодот во овој случај е елемент додаден преку индустриски процес, а не се наоѓа во солта како природна состојка.

За разлика од кујнската. морската сол содржи јод во својата природна структура иако во помали количини. Но, бројните истражувачи не го сметаат тоа за недостаток, туку истакнуваат дека треба многу поприродно да се внесува јод во организмот и тоа преку консумирање на намирници кои го содржатво големи количини, како што се лукот, морските алги, тиквите и ананасот.

Која е најздрава сол?

При избор на сол онаа која посебно се цени е цветната сол. За разлика од кујнската сол побогата е со калциум и магнезиум и претставува производ со најмногу квалитети во производството на сол. Се работи за најздрав вид на сол, кој е со поголем концентрат на јод, побогат со калциум и магнезиум. Се добива исклучиво во исклучиво идеални временски услови, во раните утрински часови и касно навечер кога нема ветер. Се појавува на површината на морињата како тенок слој на листови сол како ливчиња од цвет. Се собира рачно со помош на дрвени лопати, а цветната сол се произведува од фини кристали. Се состои просечно од над 97% натриум хлорид, 0.5% калциум сулфат, 0.3% магнезиум хлорид, 0.2% магнезиум сулфат и 0.1% калиум хлорид.

Цветната сол се користи за регулација на варењето на храната, за жени во климактериум и за време на менопауза, за освежување на организмот, за опуштање како и за личности кои имаат недостаток на калциум и магнезиум.

Најчитани вести