Од куќа во Велес украден накит, ресивери и пиштол

Од куќа во Велес украден накит, ресивери и пиштол. Кражбата како што информира МВР, се случила во периодот од 01-ви до 15-ти месецов во Велес на ул.„Стеван Богоев“.

Непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата сопственост на Т.А.(21). Од куќата се одземени златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“ калибар 9 мм.

Крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.