четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Куќата на Мајкл Џексон преполна со детска порнографија

За време на полицискиот претрес кој следувал по тврдењето на едно момче дека светски познатиот музичар на неколку наврати сексуално го злоупотребувал, пронајдени се многу фото албуми и снимки кои подоцна биле користени како материјал во судската постапка.

Куќата на Мајкл Џексон преполна со детска порнографија

Куќата на Мајкл Џексон преполна со детска порнографија

Последни вести

Мајк Џексон имал голема колекција на детска порнографија во својот ранч „Neverland“, стои во полициските извештаи од 2003 година, кои американските медиуми ги добија неодамна.

За време на полицискиот претрес кој следувал по тврдењето на едно момче дека светски познатиот музичар на неколку наврати сексуално го злоупотребувал, пронајдени се многу фото албуми и снимки кои подоцна биле користени како материјал во судската постапка.џексон

Според полициските извештаи, само во спалната и тоалетот на Џексон биле пронајдени најмалку 7 колeкции на фотографии и снимки на кои имало момчиња во тинејџерските години, а во некои случаи и помали. Тие биле сосема голи или делумно облечени.

-Документите го разоткрија Џексон како манипулативен предатор луд за секс и дрога, кој користел крв и сексуално експлицитни фотографии од жртвување на животни и перверзен секс на возрасни за да ги натера децата да го прават она што сакал тој, вели еден од полицајците кои работеле на случајот.

Гавин Арвизо тврдеше дека кога имал 13 години и кога се борел со рак престојувал на имотот на Мајкл Џексон, каде пејачот сексуално го злоупотребувал.

Најчитани вести