Куќен притвор за едно лице од „Транспортер“

Куќен притвор за едно лице од „Транпортер“
Куќен притвор за едно лице од „Транпортер“

Судија на претходна постапка попладнево одреди куќен притвор за едно лице од случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а на три лица им одреди мерка одземање на патната исправа.

Од Основниот суд во Скопје потврдија дека денеска кај судија на претходна постапка на сослушување беа четири лица во врска со предлог за обезбедување од Специјалното јавно обвинителство.

Како што посочија на едното лице му е одреден куќен притвор во траење од 30 дена, а на трите лица мерка за обезбедување, односно одземање на патната исправа, обврска да се јавуваат во суд и забрана за напуштање на престојувалиштето, односно живеалиштето.

Случајот „Транпортер“ кој го покрена Специјалното јавно обвинителство се однесува на превозот на ученици во општина Битола.