Куќен притвор за градоначалникот Талески

Куќен притвор за градоначалникот Талески
Куќен притвор за градоначалникот Талески

Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од 14.06.2016 година и жалбата на оосмничениот В.Т. од Битола кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ против решението на судија на претходна постапка на овој суд, се одбиваат како неосновани се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1-Скопје.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението:

Решението на судијата на претходна постапка од 13.06.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В.Т. се преиначува и се определува мерка куќен притворво траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 , 2 и 3 од ЗКП.

Истовремено се забранува осомничениот В.Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против истиот ќе се определи мерка притвор. Надзорот над куќниот притвор се наложува да го извршува СВР Битола при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом.

За секое непочитување на решението од страна на осомничениот се задолжува надлежна полициска станива веднаш да го извести Основен суд Скопје 1 -Скопје. Против ова решение дозволена е жалба во рок од 24 часа преку овој суд до Апелационен суд Скопје. Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.