Куќен притвор за неготинец кој превезувал илегални мигранти

Куќен притвор заработи 19-годишен неготинец кој превезувал илегални мигранти. Вчера во 06.40 часот na автопатот Гевгелија – Скопје во близина на  раскрсницата за  Велес – Штип, од страна на полициски службеници  бил сопрено автомобил “Опел Сенатор“ со велешки регистарски ознаки, управуван од К.Ѓ.(19) од Неготино.

По извршениот преглед во возилото биле пронајдени деветлица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Заради расветлување на настанот, македонскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител.

Против К.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело„криумчарење мигранти”. Истиот е спроведен до ОЈО  и ОСС-1 во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор.