Куќа на ужасот: Овде монструмот ја силувал и убил Ивана

Безживотното тело на четиринаесетгодишната Ивана Подрашчиќ од Батајница било пронајдено во напуштена куќа во Раковица.

Случајот го пријавиле станарите од зградите во близина кои очуствувале непријатен мирис, меѓутоа мислеле дека истиот доаѓа од канализацијата.

За силување и убиство бил уапсен 39-годишниот Дарко Костиќ од Белград, кој во мај излегол од затвор каде што служел казна за убиство на старица. Костиќ бил осудуван за повеќе разбојништва и случаи на насилство и има дебело досие.

Ивана Подрашчиќ на 29. јули заминала од својот дом со дозвола на нејзината мајка, и од тогаш и се губи секаква трага.