Кукоски: Немаше физички напад, се работи за обично недоразбирање

По информацијата дека генералниот секретар на ЛДП, Дуфе Кукоски, физички нападнал двајца вработени во Општината Центар, а од МВР ја потврдија информацијата, Куковски се јави со демант.

„Јас, Дуфе Кукоски, во својство на генерален секретар на ЛДП, тврдам дека немало физички напад и не станува збор за никакви внатрешни табори и поделби, напротив – се работи за едно обично меѓусебно недоразбирање помеѓу мене, како генерален секретар на ЛДП и доскорешниот претседател на младината на ЛДП во контекст на раздолжување на партиски имот (партиско патничко возило и скутер)“, реагираше Кукоски.

Инаку, според пишувањата во медиумите, актуелениот пратеник и нов генерален секретар на ЛДП, Дуфе Кукоски, со двајца високи функционери во општина Центар блиски до градоначалникот Андреј Жерновски. со клоци и тупаници решавале внатре партиски недоразбирања.

Инцидентот се случил на сквер Јадран во центарот на градот, а настрадале раководителот на секторот за градежништво во општината и раководителот на секторот за социјала кој до пред 7 дена бил претседател на младината на ЛДП. Кукоски кој според полицијата ќе добие прекршочна пријава во телефонски разговор за Сител вели дека немало физички напад туку вербална расправија.