Кукулев: Пленумче некое да протестира против албнската платформа?

Писателот и сценарист, Александар Сашко Кукулев, на социјалните мрежи отворено ги праша членовите на таканаречената „Шарена револуција“ дали ќе се јави некое пленумче за да протестира против националистичката платформа на албанските партии.

-Пленумче некое се нема ли јавено да протестира против декларацијата како атак на уставниот поредок?! Некоја аула да се окупира?! Кога веќе за дрвата во Центар, за Црквата на плоштад, за правата на ЛГБТ, за поддршка на комерцијалните сексуални работнички имаше… глупо би било сега да се замолчи… или можеби не? М ? Павле ???! Љуми ???!!! Студио ????!!, напиша Кукулев на социјалните мрежи.

На ваквиот коментар од Кукулев се надоврза пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

-Сигурно ќе има, ама чекаат да им кажат дали ќе треба да се против или да ја поддржат… напиша Димовски.