Ќулавкова: Што не направат Камп за азиланти во западноевропските држави?

Што не направат Камп за азиланти во западноевропските држави, прашува преку својот Фејзбук профил универзитетската професорка и член на МАНУ, академик Катица Ќулавкова.

Академик Ќулавкова на социјалните мрежи го сподели својот став околу моменталната криза со мигрантите. Во однос на ова актуелно прашање таа вели:

kulavkova-print-skrin

КАМП МАКЕДОНИЈА! Да се земјите на ЕУ дестинација на азилантите/мигрантите, тогаш зошто самите тие не им дадат Виза туку ги гонат кон Македонија & Србија (сме потпишале Закон за ре-адмисија на азиланти пред неколку години со ЕУ и сме им го отстапиле „суверенитетот“ тие да одлучуваат по тоа прашање!)? Грција ги прима за да ги пушти слободно кон Македонија, а Унгарија не ги пушта да влезат, за да се вратат „слободно“ во Србија и во Македонија. Што не направат Камп за азиланти во западноевропските држави?

Македонија наскоро ќе стане азилантски КАМП, а не транзит зона на азилантите. Видоа имаме искуство со кампување и со хуманитарни катастрофи па штета е да се пропушти тоа искуство.

Земјите членки на ЕУ подигаат Ѕидови пред азилантите, поставуваат специјални сателити за контрола на границите, засилуваат безбедносни мерки, не бираат средства да го спречат овој бран (стимулиран не само од човечката несреќа), значи немаат намера да ги примат азилантите.

Која им е тогаш намерата, не е тешко да се претпостави. Демографски инжинеринг, создавање хаос за да се направи нов „Ред“ во склад со нивните геостратешки интереси (територија, човечки ресурси, енергенси, вода за пиење, културно и природно богатство), нова „балканизација“, редизајнирање на државите…

Нè фаќаат на чувство за човечност тие кои не покажуваат ни Ч од човечност! Само својот интерес си го гледаат. Сè е интерес кај нив, а кај нас – заблуда до заблуда. Страничен ефект кај нас ќе биде дефокусација од внатрешната политичка и институционална криза!