Кулибали презеде одговорност за убиството на полицајката во Париз

Видео снимка на која маж кој се претставува како ликвидираниот терорист Амеди Кулибали, во името на џихадистичката група Исламска држава и презема одговорност за убиството на полицајката во Париз во четвртокот, се објави на интернет.  

Во монтираниот видео запис мажот вели дека презел акција против полицијата и дека ја убил полицајката во париското предградие Монруж.

– Успеавме да ги усогласиме акциите за да се извлечеме истовремено, вели Кулибали во снимката, споменувајќи го притоа и нападот шти го извршија браќата Куаши врз францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во средата.

Кулибали беше ликвидиран во петокот во акција на француската полиција за ослободување на заложниците кои тој ги држеше во еден супермаркет за кошер храна во Париз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.