Македонија

Кулиќ го предал извештајот за Кингерот кај надлежните во БиХ

Кулиќ го предал извештајот за Кингерот кај надлежните во БиХ

Главниот истражител за несреќата на кингерот кај Мостар потврди дека денеска на надлежните во Сараево ќе го предаде извештајот за трагедијата во која загина претседателот Борис Трајковски и уште 8 члена на државната делегација, објави Канал 5.

-Утрово бев кај министерот за промет и комуникации Дамир Хаџиќ и го предадов извештајот. Му ги презентирав сите детали, нашата средба траеше повеќе од еден час. Во 13 часот имам средба со државниот обвинител и на него ќе му го предадам извештајот и ќе му елаборирам се што е откриено со новата истрага, изјави Кулиќ за Канал 5.

Тој не открива повеќе детали, но информира дека во сабота ќе дојде во Скопје и ќе остане додека не ја заврши работата.

Тој потврди дека забелешките и коментарите на македонските експерти кои се изготвени во изминатите две недели се вметнати во извештајот.

Инаку Кулиќ пред две недели дојде и го предаде извештајот на македонската комисија за испитување на воздухопловни инциденти. Не беа соопштени детали од извештајот, но беше кажано дека се расветлени сите околности кои придонеле да се случи трагедијата.

Според првичните сознанија, пропусти кои не биле посочени во првиот извештај по несреќата се констатирани во македонските и воздухопловните власти во БиХ, во контролата на летање во Мостар односно во меѓународната мировна мисија СФОР како и во СОЗР на македонската влада.