Македонија

Кулиќ: Објавените наводи за падот на Кингерот не се нашиот извештај

Кулиќ: Објавените наводи за падот на Кингерот не се нашиот извештај

Објавените наводи за падот на кингерот не се нашиот извештај! Ова го нагласи шефот на тимот што ја спроведе повторната истрага за падот на кингерот, Омер Кулиќ и кој денеска му го достави извештајот на јавниот обвинител.

Босанскиот истражител Омер Кулиќ не сакаше да зборува за детали откако излезе од зградата на обвинителството. Рече дека наводите објавени деновиве во некои од босанските медиуми не се однесуваат на извештај за падот на кингерот.

– Тоа не беше нашиот извештај, тој што сме го дале ние. Никому не сум му кажал ни збор. Никому не сум му кажал ниту збор, освен на службените лица. А утре во дванаесет, ќе одговорам на сите прашања, буквално на сите прашања, изјави Омер Кулиќ, шеф на исртажниот тим.

Петходно Кулиќ извештајот му го достави на престедателот Иванов и министерот за транспорт и врски Јанакиевски. На јавниот обвинител Зврлевски, Кулиќ му го образложуваше извештајот цели два часа.

Повторната истрага за падот на владиниот кингер во кој животот го загубија претседателот Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот, траеше две години.

На почетокот на месецов Кулиќ го донесе во земјава и им го предаде на македонските власти. Пред неколку дена го достави до босанското обвинителство.