Кулминација на некултурата и навредите од идеолозите на СДСМ

Героски на луѓето кои не се согласуваат со ставовите што тој ги изнесе околу федерализацијата на Македонија, изнесени во неговата колумна „Ајде да зборуваме за федерализација“, на невидено недоличен јазик за еден искусен новинар им порача дека може „да му го бри*ат со зелено џамче“.

Долгогодишниот ментор на лидерите на СДСМ нападот на неконтролирана лутина го продолжува соопштувајќи дека нема доверба во полицијата дури и сега кога на чело на МВР е кадар на СДСМ.

Не и’ верував во полицијата кога на чело на МВР беше човек од ДПМНЕ, не и’ верувам ни сега, кога ја раководи кадар на СДСМ. Ова е џандарска полиција!, пишува Героски.

За крај, идеологот на СДСМ Героски упати уште една крајно навредлива порака до неговите неистомисленици:

Затоа, на дпмневските кретеноиди ќе им упатам само една, јасна и прецизна порака – ало, психопати, флаерот можете да го свиткате во фишек и да си го напикате у шупак!

Бранко Героски пред неколку месеци во сличен неконтролиран напад на бес јавно се закани дека со себе постојано ќе носи пиштол. Тогаш медиумскиот експонент на СДСМ најави дека нема да се двоуми да го употреби пиштолот ако процени дека е потребно.