Македонија

„Кулминира насилството на СДСМ кон новинарите кои не работат за нив“

„Кулминира насилството на СДСМ кон новинарите кои не работат за нив“

Дописникот на МИА и Сител од Брисел, Бобан Нонковиќ кој завчера вечерта бил нападнат со шипка во просториите на Македонскиот институт за медиуми, од страна на новинарот Петрит Сараќини гостуваше во емисијата Пулт на Радио Слободна Мaкедонијa.

-Без никаков повод Сараќини ме нападна со шипка од монопод и пред 10-тина сведоци ми се закануваше и замавнуваше кон мене. Случајот не го пријавив во полиција за да не предизвикам непријатности за установата во која сум на последипломски студии, рече Нонковиќ за Радио Слободна Македонија.

Новинарот Цветин Чилиманов оцени дека насилството кон новинарите кои не работат за СДСМ достигнува кулминација.

-Да не заборавиме, неодамна Стојанче Ангелов кој наводно се бори за правата на новинарите, го нападна уредникот на Нетпрес со најбрутални навреди и закани, потсетува Чилиманов.

Двајцата констатираа дека причина за растечката нервоза е неуспехот на политиката на Зоран Заев и се поизвесниот крах на неговите „бомби“.

Новинарите кои подолг период известуваат како дописници од клучните центри на моќ, Вашингтон и Брисел заклучија дека СДСМ ја нема наклонетоста на меѓународната заедница.