Култниот Твин Пикс се враќа на екраните 27 години по премиерата (ВИДЕО)

Серијата за којашто се вели дека ја променила телевизијата „Твин Пикс“ (Twin Peaks), во недела по речиси три децении пауза со нова сезона ќе се врати на малите екрани.

Речиси ништо од содржината на новите 18 епизоди, коишто ќе се прикажуваат на американската телевизиска мрежа Showtime, не истече во јавност. Двете оригинални сезони беа прикажани во 1990 и 1991 година на телевизијата ABC. Дури и повеќето од актерите „тапкаат во темница“, бидејќи единствено Кајл Меклахлан, кој повторно го игра агентот на FBI Дејл Купер, го добил целото сценарио на читање. Повеќето актери од првите две сезони ги повторуваат своите ликови и 27 години подоцна.

Иако гледачите уште на почетокот од втората сезона дознаа кој ја убил Лора Палмер, средношколката околу чијашто шокантна смрт се одвиваше заплетот, многу тајни од Твин Пикс останаа неразјаснето.

Какви и да бидат гледаноста и критиките за третата сезона од „Твин Пикс“, нема да се промени оцената дека станува збор за телевизиско ремекдело.  За Линч, ова ќе биде првиот поголем проект од 2006 година, од трилерот „Inland Empire“ во кој се појави холивудската актерка Лора Дерн.

„Дејвид Линч докажа дека на телевизијата може да се работи и поинаку“, вели продуцентот Дејмон Линделоф. Современик на прославените серии „Cosby Show“ и „Roseann“, приказната за Твин Пикс не можеше да се смести во некој жанр. Наративниот стил на серијата, ритамот и музиката беа сосема спротивни од дотогашните телевизиски стандарди. Ниту сапуница, ниту криминалистичка серија, нбо истовремено помалку од двете, Тврин Пикс му пркосеше на секое жанровско класифицирање. „Се чинеше дека гледате фил, но траеше со часови и часови“, додава Линделоф.

Маден Амик, која ја толкува келнерката Шели Џонсон, изјави за магазинот Entertainment Weekly дека Линч на публиката ѝ го дал она по што чезнеше, „поинаква, напната, мистериозна серија за која треба да се размислува“.

Намерно ги оставил енигматски сивите зони таму каде што традиционалната телевизија тоа не се осмели да го стори. „Секоја епизода траеше еден час, а пото за неа со часови се расправаше“, потсетува Линделоф.

Серијата брзо стекна лојална база обожаватели, кои со децении подоцна се зголемува благодарејќи на новите поколенија обожаватели кои пораснаа на повремените репризи. „Фановите на Твин Пикс го одржуваа жив и заслужуваат да бидат наградени. Се надевам дека ќе бидат задоволни со она што го снимивме“, вели Меклахлан.

Тој подоцна настапуваше и во хит сериите „Сексот и градот“ и во „Очајни домаќинки“ и вели дека сценаристите често доаѓале и му говореле дека Твин Пикс ја истапкал патеката за реализација на сценаријата какви што претходно беа невозможни.

Меѓутоа, Гери Идгертон, стручњак за телевизија на Универзитетот Батлер, вели дека влијанието на сериите како „Сопранови“ било и поголемо отколку на „Твин Пикс“. „Идејата на телевизијата како уметност го доби цврстото упориште со ширењето на телевизиските мрежи на кабелскиот и сателитскиот сектор. Таму публиката беше релативно помала, но многу поверна и авторите можеа да ги реализираат своите амбиции. Но големо прашање е дали ќе ги имавме Сопранови доколку претходно го немавме Твин Пикс“, заклучува.

Култниот американски режисер Дејвид Линч ги израдува на почетокот од октомври 2014 година поклониците на неговата непомалку култна телевизиска серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks), со најавата за нејзино враќање на малите екрани во 2016 година, четврт век по емитувањето на последната епизода. „Драги пријатели на Twitter.. it is happening again“, објави тогаш Дејвид Линч на популарната социјална мрежа, со трелјерот со Лора Палмер, таблата со натписот „Добредојдовте во Твин Пикс“, логото на телевизиската мрежа Showtime и датумот 2016-та.

Од Showtime издадоа соопштение во коешто го најавуваат враќањето на серијата во 2016 година, 25 години по емитувањето на последната епизода од серијата.Авторите Дејвид Линч и Марк Фрост ги напишаа сценаријата и ги продуцираа сите девет нови епизоди кои се случуваат во сегашноста и ќе им ги понудат на „страсните обожаватели на серијата долго очекуваните одговори“, порачуваат од Showtime.

Во соопштението беше истакнато дека Линч ќе ги режира сите девет нови епизоди. „Мистериозниот и посебен свет на Твин Пикс повторно нѐ привлекува кон себе“, порачаа во заедничкото соопштение Линч и Фрост, кои кон крајот на минатата седмица со збунувачките објави на Twitter предизвикаа вистинска лавина од коментари на тв блоговите.Сѐ уште не се објавени информациите за актерската екипа, а изворните ги толкуваа Кајл Меклахлан во ролјата на агентот на FBI Дејл Купер, во која се појави и во филмската верзија, како и Лара Флин Бојл во улогата на другарката на убиената средношколка Лора Палмер (Шерил Ли) – Дона Хејворд, и Џоан Чен која го толкуваше ликот на Џоселин Џоси Пакард.

Пред емитувањето на новите епизоди Showtime ќе ги репризира првите две сезони од серијата којашто првпат ги прикажа телевизиската мрежа ABC од 8-ми април 1990-та до 10-ти јуни 1991 година. Серијата е добитник на Златен Глобус, а имаше и номинација за Еми. Подоцна според серијата беше снимен филмот „Твин Пикс: Огну чекори со мене“ (Twin Peaks: Fire Walk With Me), кој не постигна особен успех од комерцијален аспект.

Во август 2015 година беше објавено дека режисерот Дејвид Линч во септември истата година ќе го започне снимањето на продолжението на култната телевизиска серија „Твин Пикс“ чијашто премиера е закажана за септември 2017 година со повеќе епизоди од првично планираните. Директорот на споменатата телевизија, Дејвид Невинс, рече дека „третата сезона од серијалот претставува приоритет“ за Showtime. Прашан за тоа дали новите епизоди ќе бидат емитувани во 2016-та, како што првично беше најавено, или во 2017 година, тој рече  дека тоа ќе се случи „кога ќе бидат завршени“.

Култниот американски режисер Дејвид Линч во октомври 2014 година ги израдува поклониците на неговата непомалку култна телевизиска серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks), со најавата за нејзино враќање на малите екрани во 2016 година, четврт век по емитувањето на последната епизода. Од Showtime тогаш издадоа соопштение во коешто го најавија враќањето на серијата во 2016 година, 25 години по емитувањето на последната епизода од серијата.

Запрашан за актерската екипа, а изворните улоги ги толкуваа Кајл Меклахлан во ролјата на агентот на FBI Дејл Купер, во која се појави и во филмската верзија, како и Лара Флин Бојл во улогата на другарката на убиената средношколка Лора Палмер (Шерил Ли) – Дона Хејворд, и Џоан Чен која го толкуваше ликот на Џоселин Џоси Пакард, Невинс потврди дека Линч навистина ќе го врати Меклахлан. „Обожавателите треба да бидат оптимисти дека оние коишто ги посакуваат ќе бидат присутни, покрај некои изненадувања“, истакнува челникот на Showtime.

Пред емитувањето на новите епизоди Showtime ќе ги репризира првите две сезони од серијата којашто првпат ги прикажа телевизиската мрежа ABC од 8-ми април 1990-та до 10-ти јуни 1991 година.

Серијата е добитник на Златен Глобус, а имаше и номинација за Еми. Подоцна според серијата беше снимен филмот „Твин Пикс: Огну чекори со мене“ (Twin Peaks: Fire Walk With Me), кој не постигна особен успех од комерцијален аспект. Во 2007 година магазинот Time ја вброи меѓу „најдобрите телевизиски емисии на сите времиња“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.