Културна програма со која ќе се одбележи италијанското претседателство со ЕУ

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенцијата за филм Дарко Башевски денеска ќе ја претстават програмата со која во Република Македонија ќе биде одбележано претседателството на Италија со ЕУ.

Италија го презеде ротирачкото шестмесечно претседателствување со Унијата на 1-ви овој месец.

МИА