Културните луѓе ги имаат овие осум особини

„Животот има свои услови. За да биде привлечен меѓу образованите луѓе, човекот мора да биде културен“, се порачува во едно писмо на рускиот писател Антон Павловиќ Чехов. Тој писмото го напишал до својот помлад брат, составувајќи список на услови кои ги исполнуваат културните луѓе.

  1. Тие ја почитуват човечката личност и затоа секогаш се љубезни, вниматели, учтиви и подготвени да сторат нешто за другите.
  2. Сочуствуваат со другите, не само со бездомниците и мачките. Се грижат и за она што не се гледа и подготвени се да се жртвуваат за да му помогнат некому.
  3. Го почитуваат туѓото сопствеништво и затоа ги враќаат долговите
  4. Искрени се и не сакаат лаги. Не лажат ниту кога се во прашање ситници. Лагата го навредува слушателот и го понижува во очите на соговорникот. Не позираат, се однесуваат исто и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите скромни пријатели. Не се склони кон озборување, ниту пак ги оптоваруваат другите со своите исповеди. Од почит кон другите повеќе молчат отколку што зборуваат.
  5. Не се понижуваат за да бидат сожалувани. Не играат на картата на чуствителност за да освојат внимание. Не зборуваат „мене никој не ме разбира“ или „никој не се грижи за мене“, затоа што се евтини и вулгарни трикови.
  6. Не се грижат за лажните вредности, познанства со познати личности или пак за тоа тие самите да станат познати. Ако сториле нешто значајно не прават од тоа најважна работа на светот и не се фалат со тоа дека имаат пристап таму каде другите немаат. Навистина талентираните луѓе секогаш се оградуваат од рекламирање.
  7. Имаат развиено чувство за убавина и естетика. Не одат на спиење во облека, ја одржуваат чистината на животниот простор. Многу водат сметка за контролирање на своите нагони во спротивниот пол да не видат сексуален објект. Не се опијануваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики, бидејќи сметаат деа не се свињи. Се држат до начелата „mens sana in corpore sano“ – во здраво тело, здрав дух.
  8. Ако имаат некој дар, го почитуваат. Поради него го жртвуваат одморот, романсата, излегувањето…Горди се на својот дар, а и многу му се посветени.