Куман се мести за тренер на Барселона

Познатиот холандски стручњак и моментално предводник на Феенорд, Роналд Куман, призна дека би сакал во новата клупска сезона да биде тренер на каталонскиот гигант Барселона.

„Дали сум заинтересиран за тренерската функција на “Ноу Камп”? Да, нормално дека сум заинтересиран, сакам да бидам тренер на Барселона. Сепак, до овој момент, јас не сум контактиран од раководните лица на каталонскиот клуб”, изјави Куман.

Во минатото Куман се покажа како одличен тренер на Витезе, Ајакс, Бенфика и ПСВ, а далеку полоши резултати забележа како предводник на Валенсија и АЗ Алкмар.