Кумановчани пукале во сопружници

О.М. (36) од Куманово доби кривична пријави поради убиство во обид, а М.Ѓ. (34) исто така од Куманово поади помагање во убиство во обид и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

О.М на четврти февруари оваа година, откако претходно го зел пиштолот од М.Ѓ., која го поседувала без дозвола, се маскирал со фантомка на глава и се обидел да ги лиши од живот оштетените сопружници испукувајќи по еден куршум кон двајцата, нанесувајќи им тешки телесни повреди, по што го напуштил лице местото и се оддалечил во непознат правец.

На пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истите се спроведени до Затвор Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.