Кумановци без причина претепале велосипедисти

тепачка

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(29), С.Ф.(33), Ј.Ф.(31), И.С.(24), сите од село Речица, кумановско, за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 23.08.2014 година, околу 23,45 часот, во с.Речица ги пресретнале лицата Б.К.(44), А.А.(15), Т.С.(18), А.Ш.(28) и И.С.(28), кои се движеле со велосипеди, по што без повод и причина физички ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди.