ТОП,Македонија,Крими хроника

ВИДЕО: Kумановци фатени со 500 грама марихуана

ВИДЕО: Kумановци фатени со 500 грама марихуана

Kумановци фатени со 500 грама марихуана. Кривична пријава и 30-дневен притвор заработија четворица кумановци.

Лицата И.М. (29), Д.П. (21), Т.И. (31) се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,а Р.М. (19), „помагање“.

Имено, на 20-ти овој месец откако првопријавениот И.М. бил во друштво со Д.П. договориле заедно со четвртопријавениот  Р.М. купопродажба на дрога од лице од село Сингелиќ.

По ова му се јавил на третопријавениот Т.И. да се сретнат за да ги превезе до Скопје во населбата Ченто. Откако стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало зесега непознато лице со патничко моторно возило,  со кого  И.М. и  Р.М. се состанале и по краток договор, непознатото лице и Р.М. заминале со возилото, додека Т.И. и Д.П останале да чекаат на паркингот.

По околу 15 минути Р.М. се вратил со една најлонска ќеса, со наркотична дрога марихуана која му ја предал на И.М.

На регионалниот пат Арачиново-Куманово, во близина на село Никуштак, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било сопрено моторно возило марка “Шкода Фабија“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.И. при што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, што било забележано од страна на полицијата.

Пријавените се лишени од слобода и приведени во просториите на СВР Куманово. По претходно добиена усмена наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово,  од страна на полициски службеници на СВР Куманово, извршени се претреси во домовите на пријавените, при што кај Д.П била пронајдена една дробилка со остатоци од непозната растителна материја која била одземена со потврда за привремено одземени предмети.

Одземените предмети се доставени до ОКТ при МВР на РМ и по извршено вештачење е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 506,2 грама.

По спроведена постапка од страна на Судија на претходна постапка на прво и четвртопријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, и истите се спроведени во КПУ Затвор Куманово-село Кшање.