Кумановци физички нападнале дежурна лекарка

Го претепале, па го фрлиле покрај Дебарско Езеро

Против две лица од Куманово е поднесена кривична пријава поради физички напат врз дежурна лекарка, информираше во средата СВР Куманово.

Пријавени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” се 49-годишниот Ф.Л. и 20-годишниот М.Л., и двајцата од Куманово,

На 5 април околу 04.50 часот во Ургентеиот центар во Куманово пријавените грубо го навредувале и малтретирале дежурниот лекар, барајќи лекарски преглед на пациентка којашто одбивала да прими инјекција за болки пред да биде прегледана.

Пријавените започнале вербална расправија со дежурниот лекар, во присуство на уште две медицински сестри, по што Ф.Л. со тупаница ја удрил лекарката по главата во предел на слепоочница нанесувајќи и телесна повреда, и ја навредувал со разни вулгарни зборови, упатувајќи и закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство, информираат од полицијата.

Во исто време М.Л. го превртел бирото пред кое седела лекарката, при што се скршило и стаклото од бирото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.