Кумановци нападнале Германец и му украле 2.000 денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.А.(21), С.Р.(19), Д.С.(19), С.А.(20), С.Р.(19) и Ќ.И.(17), сите од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 05.01.2015 година, околу 17,00 часот, на ул.„Доне Божинов” во Куманово, пријавените со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над германскиот државјанин И.Б.(34), при што му одзеле 2.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.