Кумановци нападнале полицајци по кошаркарски натпревар

Три млади момчиња вчера нападнале полицајци по кошаркарскиот натпревар меѓу „Работнички“ и „Куманово“ во спортската сала „Градски парк“.

Н.К.(23), Д.С.(19) и М.Д.(17) од Куманово со тврди предмети нападнале двајца полицајци нанесувајќи им телесни повреди.

Напаѓачите се приведени, извршен е разговор и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.