Кумановци нападнале полицајци

Кумановци нападнале полицајци кои требало да им напишат казни за фрлање на отпад, вчера во Куманово.

Според полицијата, инцидентот се случил во 21 часот во Куманово на улицата Народна Револуција.
Тогаш полициски службеници при вршење на мотопатролна служба забележале како од автомобил „алфа ромео“ со од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар.

Тие го сопреле автомобилот, што го управувал Е.Р. (22) од Куманово. Додека го легитимирале совозачот М.Н.(22), кој не носел документи, полицајците му укажале дека направил прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

Тогаш истиот почнал да ги омаловажува полициските службеници и почнал да дава отпор. Во тој момент и возачот Е.Р. со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.