Кумановци нападнати додека седеле во кафеана

Дваесет и деветгодишниот А.Ш. од Куманово рано изутринава во полиција пријавил дека околу 00:15 часот додека седел во ресторан на плоштад „Маршал Тито“ со Р.З., биле физички нападнати од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и Б.Н.

Притоа бил удиран со безбол палки по глава и тело и му биле нанесени видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници.

По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.