Кумановци оштетиле фирма за над 2.000 евра

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(52) за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и И.С.(59), двајцата од Куманово е пријавен за „помагање“ во врска со горенаведените кривични дела.

Првопријавената како сопственик и управител на „Витал МБ“-Куманово, вршејќи сметководствени услуги за правно лице од Куманово во периодот од 2008 до 2013 година, неовластено изготвувала налози фалсификувајќи го потписот на управителот на фирмата за која водела сметководствени услуги и истите не ги предавала на управителот, за да неможе да има увид во уплатените и исплатените средства на правно лице „Витал МБ“-Куманово. Второпријавениот бил ангажиран од страна на првопријавената да врши уплати и исплати на парични средства на оштетеното правно лице за сметка на други правни лица.

Со овие дејствија, пријавените го оштетиле правното лице од Куманово за 124.066 денари.