Кумановци се степале поради наплата на бурек

Тројца кумановци добија кривична бидејќи претепале сопственик на бурекџилница, еден вработен во истата и нападнале службено лице при вршење работи на безбедноста.

В.М.(25), М.М.(31) и Н.Т.(47) поради наплата на прехранбени производи во објектот започнале вербална расправија со вработениот, по што физички го нападнале него и сопственикот на објектот нанесувајќи му телесна повреда на сопственикот на бурекџилницата. Откако во објектот пристигнал вработениот во Агенцијата за обезбедување на лица и имот, истиот од страна на првопријавениот со дрвен предмет бил нападнат, при што му била нанесена телесна повреда.