Кумановци узурпирале објект

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И.(28), Ф.И.(22), Ш.И.(50), Ф.И.(43), С.И.(23) и Е.И.(29), сите од Куманово, за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „уништување или оштетување на јавни инсталации“. Пријавените, како инвеститори на објект за монтажа на церади лоциран на ул. „Железничка“ во Куманово за кој имале одобрение за градба во текот на мај зазеле и дел за туѓа недвижност, при што самоиницијативно извршиле ископ за уредување на паркинг простор за потребите на објектот, а притоа ги оштетиле инсталациите за јавна употреба на активен плин, при што предизвикале материјална штета од 1.580.796 денари на АД „Гама“-Скопје.