Кумановец ја претепал мајка си за 200 евра

Дваесет и едногодишниот Е.К. од Куманово доби кривична пријава бидејќи ја претепал мајка си.

Тој во семејната куќа во Куманово почнал вербална расправија со неговата мајка на која и побарал пари, но откако таа не му дала физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што и одзел 200 евра, а потоа продолжил да ја удира нанесувајќи и тешка телесна повреда во пределот на главата.