Кумановец лажно пријавил бомба под неговиот автомобил

Кумановец (1978) пријавил во полицијата дека  има поставено бомба под неговиот автомобил „фиат мареа“ со кумановски регистарски таблички паркиран пред неговата зграда на булевар Октомвриска револуција.

Од полицијата потврдија дека кај нив случајот е пријавен во 8.30 часот од истото лице.

По извршениот увид на СВР Куманово и на Одделот за антитероризам при МВР не е пронајдена експлозивна направа. Во моментот се обавува разговор со лицето, потврди полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.