Кумановец лажно пријавил подметната бомба под возило

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 31.03.2016 година, во СВР Куманово, пријавениот лажно пријавил дека на неговиот мобилен телефон добил порака дека под неговото патничко возило „Фиат Мареа“ има подметнато бомба.