Кумановец натепан во двор на амбуланта

Триесет и четиригодишниот Т.Б. од Куманово доби кривична пријава поради насилство.

На 28.10.2014 година, околу 22,45 часот, додека три лица биле во дворното место во амбулантата „Перо Чичо“ пристигнало патничко возило „форд мондео“ од кое излегле пријавениот и уште четири непознати лица, при што пријавениот со нож му се заканил на 22  годишно лице, а потоа со уште едно непознато лице физички го нападнале нанесувајќи му повреди во пределот на главата, а кај другите две лица предизвикале чувство на страв.