Кумановец олеснет за 663.000 денари

Во периодот од 03 до 08.01.2015 година, во Скопје од куќа сопственост на Р.С.(51) од Куманово, непознат сторител со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел разновиден златен накит и техничка стока, во вкупна вредност од 663.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.