Македонија,Крими хроника

Кумановец пронашол рачен ракетен фрлач

Кумановец пронашол рачен ракетен фрлач

Жител на кумановското село Алешевци пронашол еден рачен ракетен фрлач, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој пријавил дека во атарот на селото, на местото викано Планинска слуба, пронашол еден рачен ракетен фрлач калибар 75 милиметри растурен на парчиња.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување го подигнал растурениот рачен ракетен фрлач за понатамошна постапка.