Кумановец пукал кон соба во која бил неговиот син

Педесетгодишниот З.А. од Куманово е приведен откако вчера пукал кон прозорецот од собата во која бил неговиот син.

Инцидентот се случил синоќа околу 20:30 часот во дворот од семејната куќа од каде кумановецот испукал два истрела од пиштол кон собата во која се наоѓал 25-годишниот син Д.А., кој за среќа останал неповреден.

На лице место се пронајдени две чаури и еден проектил. З.А. е приведен, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.