Кумановец се коцкал со фалсификувани 50 евра

Полицијата поднесе кривични пријави против Љ.Р.(27) и Ш.И.(26),  од Куманово, за фалсификување пари и против М.С.(29) исто од Куманово за сторено кривично по член 54 од Законот за девизно работење.

Љ.Р. набавил фалсификувана банкнота во апоени од 50 евра, која му ја дал на Ш.И., по што истиот ја пуштил во оптек во казино „Адмирал“ за чек-ливче во износ од 3.050 денари кој му го издал М.С.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.