Кумановец си ги барал парите назад со пиштол

Кумановецот М.М. (51) доби кривична бидејќи пијан отишол во домот на шеесет и едногодишниот М.М. од каде со закана одзел пари.

Пријавениот пијан отишол во куќата на М.М.(61) во с.Карпош и откако започнале вербална расправија поради наводен долг, пријавениот извадил пиштол и го вперил кон М.М. По ова, синот на М.М. му дал на пријавениот 4.400 денари, по што истиот си заминал.