Македонија

Уапсен разбојник

Уапсен разбојник

Кумановецот Ф.А.(48) е осомничен дека со нож ограбил колонијална продавница, информираше МВР. Полицијата до Основното јавно обвинителтво Куманово против осомничениот поднесе кривична пријава за разбојништво, како и за разбојништво во обид.

Според полицијата, Ф.А. во вторникот се обидел да ограби маркет на булеварот Октомвриска револуција. Тој влегол и со нож се заканил на вработената, но таа почнала да вика на цел глас па разбојникот избегал. Наредниот ден околу 18.30 часот Ф.А. ограбил маркет на крстосницата од улиците 11 Октомври  и Сава Ковачевиќ. Разбојникот пак со нож се заканил на вработената од која зел  9.060 денари, по што побегнал.

Осомничениот бил идентификуван од полицијата која го привела Ф.А., а кој го признал и појаснил начинот на извршување на делото.