Кумановец станал директор на училиште со фалсификувана дилпома

Поранешениот директор на ОУ „Наим Фрашери“ во Куманово, И.А.(61) е осомничен дека на функцијата дошол користејќи фалсификувана диплома за завршен Педагошки факултет, информираше МВР.
Против осомничениот се поднесени кривични пријави за поттикнување” во врска со злоупотреба на службена положба и овластување како и за продолжено кривично дело во врска со употреба на исправа со невистинита содржина.

За криминалот е осомничен и З.К.(51) од Скопје, поранешен референт за студенски прашања на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје кој му ја фалсификувал дипломата. Против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување како и за фалсификување исправа.

Кумановецот во 2010 година за одредена сума на пари го потикнал референтот да му издаде уверение за завршен VII/1 степен на педагошкиот факултет. Референтот го запишал И.А. на прв циклус на студии за учебната 2010/2011 година, а потоа на 06.10.2010 година, без истиот да ги полага програмските испити и без да уплати пари за испити и семестри, му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII/1 степен образование.

Потоа И.А. го искористил фалсификатот да конкурира и да добие рбота како директор на училиштето, во периодот од јуни 2011 до јануари 2015 година. Тој од јануари до декември 2017 година повторно го употребил уверението за работен ангажман преку АПВ АРБЕИТ ДЕ Скопје со одстапување во Општина Куманово. Со фалсификатот И.А. од јануари годинава се вработил во Општина Куманово. За цело време осомничениот остварувал личен доход за чија вредност го оштетил и државниот буџет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.