Кумановец трошел пари од картичката на роднина

Дваесет и деветгодишниот И.Д. од Куманово доби кривична пријава бидејќи од негов роднина украл картичка од која во неколку наврати трошел пари.

Пријавениот, од свој роднина одзел платежна картичка и во три наврати од банкомат  подигнал 15.000 денари, кои ги потрошил за свои потреби.