Крими хроника

Кумановец украл икони од црква па ги фрлил во река

Кумановец украл икони од црква па ги фрлил во река

Кривична пријава е поднесена за 46-годишниот С.Д. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Имено, тој на 19 јануари годинава од црвката „Свети Јован Крстител“ во село Макреш општина Старо Нагоричане одзел 14 разни фотографии од икони кои од мостот на река Пчиња ги фрлил во реката.