Кумановец заработи кривична пријава за злоупотреба на службена должност

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(62) од с.Гошинце, кумановско, референт за користење на шуми и дотур во ПШС-Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 25.11.2014 година, пријавениот злоупотребувајќи ја својата службена положба му наредил на возачот кој вршел превоз на огревно дрво за потребите на ПШС-Куманово да изврши истовар на 5,6 метри кубни огревни дрва на ул. „Цар Самоил“ за лице чија локација била различна од локацијата наведена во испратницата за превоз на дрва издадена од пријавениот.