Кумановец застрелан во кафуле

Деветнаесетгодишниот кумановец Б.С. со повреда од огнено оружје во пределот на десната потколеница рано изутрина бил донесен во Ургентниот центар во Куманово.

Како што соопшти денеска МВР, Б.С. повредата ја здобил во кафе-барот „Тунел“ во Куманово.

Случајот во полициската станица во Куманово изутрина во 4:40 часот го пријавиле од Ургентниот центар во Куманово.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот.