Кумановка го доби автомобилот во 13. коло од „Фискална во рака, награда без мака“

Среќната доботничка Наташа Николовска од Куманово ги доби клучевите од автомобилот Пежо 208 освоен во 13. коло од наградната игра Фискална во рака, награда без мака.

Во триенаесетото коло од наградната игра кое беше последно во минатата година, беа доделени и еден стан, еден деловен простор и уште 150 вредносни ваучери за среќните учесници. Организаторите најавија дека наградната игра треба да продолжи и годинава.

Покрај клучевите од автомобилот Пежо 208, Државна лотарија на Македонија ги додели и клучевите од новиот скутер на тетовецот Несет Даути освоен во Инстант лотарија Смајли.

Инстант лозот Смајли е игра на среќа на Државна лотарија на Македонија која дава можност за освојување на еден од 35-те скутерии добивки од 50 и 30 денари.