Кумановка продавала фалс облека на познати брендови

Кривична пријава е поднесена против кумановка која продавала текстилна стока со фалсификувани логоа на познати марки.

Четириесет и петгодишната Р.С. од Куманово, управител во ДТУГ „Њу-Лок“ ДООЕЛ Куманово доби кривична пријава поради сомнение дека сторила кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

Како управител Р.С. со намера да прибави противправна имотна корист во текот на месец ноември 2015. година понудила на продажба 198 парчиња текстилна стока со фалсификувани логоа од марките „Дизел“, „Армани“, „Риплеј“, „Адисас“ и „Емпорио Армани“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.