Македонија

Куманово доби Центар за ран детски развој

Куманово доби Центар за ран детски развој
Куманово доби Центар за ран детски развој

Денеска во Куманово, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, присуствуваше на отворањето на приватниот центар за ран детски развој „Балтазар”. Дејноста за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст покрај тоа што се врши во јавните и приватните детски градинки, се врши и во јавните и приватните центри за ран детски развој.

Како резултат на најзначајните поволности и иницијативи кои што ги имаме како министерство придонесовме во изминатите неколку години значително да се зголеми бројот на приватните детски градинки. Во моментов се отворени вкупно 21 приватна детска градинка и набрзо ќе бидат отворени уште 2 и има уште неколку приватни бизнисмени кои што се заинтересирани да отворат приватни детски градинки, истакна Спасов.

Во Македонија има 15 Центри за ран детски развој

Се зголемува и бројот на центри за ран детски развој односно има вкупно 15 центри од кои што 3 се приватни односно овој центар е трет кој што се отвора по ред и е исто така приватен и очекуваме во наредниот период уште повеќе да се развива оваа дејност.

Во Македонија има 15 центри за ран детски развој
Во Македонија има 15 центри за ран детски развој

Спасов појасни дека Центрите за ран детски развој ја вршат функцијата слична како приватните градинки односно вршат згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и ги спроведуваат програмските  активности од програмата за рано учење и развој на деца од 3 до 6 години.

Значајно е да се истакне дека токму за оваа категорија на деца од возраст од 3 до 6 години изминатите години значително се зголемува бројот на опфат на деца во градинките и во центрите за ран детски развој. За децата од 3 до 6 години во 2006 беа опфатени околу 11.600 деца, односно 12,1% од вкупниот број на деца од 3-6 годишна возраст, а во 2015 година опфатени се 27.200 деца односно 38,5% од вкупниот број на деца од 3-6 години што е значително зголемување на опфатот на деца во детските градинки и центрите за ран детски развој, рече Спасов.

Центрите за ран детски развој вршат згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и ги спроведуваат програмските  активностиза  деца од 3 до 6 години.
Центрите за ран детски развој вршат згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и ги спроведуваат програмските активностиза деца од 3 до 6 години.

Како Влада и понатаму ќе продолжиме со низа поволности да го поддржуваме приватниот сектор со цел да се зголеми бројот на центри за ран детски развој меѓутоа и на приватните градинки. Особено е битно и да се спомене дека голем дел од овие приватни субјекти ги користат и мерките за вработување како што ме информираа токму тука ќе се отворат 4 работни места од кои што 3 ќе бидат од мерките за вработување кои што ги нудиме преку Агенцијата за вработување што и дополнително ќе влијае намалување на невработените во општините во Република Македонија, посочи Спасов.