Изгоре нива со пченица во Кумановско

Кумановските пожарникари во изминатиот 24 часовен период интервенирале во два случаи.

Како што соопштија од територијалната протипожарна единица од Kуманово, во текот на вчерашниот ден, пожарникарите успеале да локализираат пожар на нива со пченица во кумановско Лопате на површина од седум декари. Причините и материјалната штета од пожарот не се познати.

Втората интервенција била на запалена сува трева на околу 2.000 метри квадратни во местоо „Говедарски Пат„ над Диво насеље. Причината и за овој пожар исто така е непозната.